Сите ние во Комисијата сме против законот за дивоградби. Ова во емисијата „Дебати“ на ТВ Шења го изјави претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

„Сметаме дека под плаштот на сиромаштијата се легализира се. Како држава сме непринципиелни, значи некој што не почитувал правила, закони, не плаќал… Градел без дозвола… Се поттикнува беззаконие. Тоа не е добро“, изјави Ивановска.