Кој ќе дојде да ни ја среди државата? Ова реторичко прашање го постави претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска во емисијата Дебати на Тв Шења.

Што очекуваат луѓето? Сите бегаат од тука, барајќи подобри услови, наместо да засукаме ракави и ние да си ги создадеме условите. Нема што ние да бидеме во чекалната на ЕУ. Ние треба да се спремиме, тие сами да не викаат“, изјави Ивановска.

Ивановска го постави реторичкото прашање зошто се ние треба да чекаме некој друг да каже за нас, друг да направи за нас.

Треба ние сами да си ја јакнеме нашата свест. Кај живееме, како живееме, како да ги подобриме условите. Нон стоп се отвораат дебати, се зборува, а работа на дело нема. Тоа мене ми пречи“, истакна Ивановска.