Привилегиите на носителите на јавни функции може да се скратат. Ова го изјави Билјана Ивановска, прв човек на ДКСК во емисијата „Дебати“ на ТВ Шења.
„Има средства. Ресурси има. Многу е битна распределбата на средствата-трошењето, домаќинското однесување. Пак ќе кажам, привилегиите на носителите на јавни функции, дали било тоа службени возила, дали биле тоа апанажи, репрезентации, картички… Сите форми. Сето тоа може да се скрати!“, изјави Ивановска.
Таа додаде дека парите за службени возила би ги пренасочила во подобрување на јавниот сообраќај и инфраструктурата во државата не само во Скопје.