Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска во изјава за ТВ 24 истакна дека не е задоволна од соработката со Обвинителството. Од таму назначиле лице за контакт, но и покрај тоа остануваат отворени прашања.
Ивановска повторно го покрена прашањето за предметот Холидеј Ин, кој веќе 2 години е во обвинителството.
„Факт е дека можеше многу повеќе. Не можам да бидам задоволна, кога бројни предмети, особено мене ме боли за оние што се однесуваат на јавниот интерес. Пак ќе го спомнам предметот „Холидеј Ин“. Тој предмет две години ќе направи во Обвинителството, а беше комплетно завршен и предаден таму“, вели Ивановска.
Таа истакна дека недостасува и софтверско решение, кое ке ги поврзе Антикорупциската комисија со конкретни институции, а исто така и вработување на повеќе луге во комисијата.
Ивановска очекува повеке резултати со формирање на тренинг центарот во кој ке обучувааат идните кадри за борба против корпупцијата.