Државната комисија за спречување на корупцијата предупредува дека во случајот на урбанистичкиот план кај Хилидеј ин е сериозно загрозен јавниот интерес на сметка на личниот интерес на поединци.
Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска смета дека лицата без право се стекнале со право, а суспензија на планот се барало само формално.
„Само формално се бара суспензија, колку за пред јавност, а во суштина се прават намерни пропусти колку да поминат веќе договорени зделки. Сметам дека доколку вистински се сака да се утврдат слабостите на спорниот план, треба да се пристапи кон точно и прецизно подготвување на елаборатите и суспендирање на Деталниот урбанистички план, обвинува Ивановска.