Новинарот Зоран Иванов изјави во во вечерашното гостување на Канал 5 дека според него Владата ќе го преживее гласањето доверба во Собранието, што треба да се случи во четврток.
Според Иванов, „главните актери се пуштиле во игра и веројатно малку се истрчале“ и „се во офсајд“.
„Поддржувам предвремени парламентарни избори, од причина што Македонија не прави реформи, бидејќи парламентот не функционира поради распоредот на силите и второ не функционира и поради една недоволна политичка зрелост на сите субјекти во државата, рече Иванов во емисијата „Само вистина“.