Кога своето време и способности ги ставија во служба на американскиот претседател, Иванка Трамп и Џеред Кушнер за тоа не бараа плати, но несебичните јавни службеници своето време во Белата куќа добро го искористиле за богатење.
Финансиските стручњаци од организацијата „Граѓаните за одговорност и етика во Вашингтон“ (ГОЕВ), која води сметка за одговорноста и етиката, со анализа утврдиле дека поранешната прва ќерка и зет во текот на работата во Белата куќа оствариле околу 640 милиони долари надворешни приходи, пренесуваат странските медиуми.
Еден од главните извори за нивната добивка се сопственичките удели на Иванка Трамп во хотелот „Трамп“, сместен само неколку блокови од Белата куќа. Пред намалување на работата поради пандемијата, Иванка и Џеред заедно 23 пати го посетиле хотелот, а од 2017 година од него таа заработила повеќе од 13 милиони долари. Но, во тек на нејзината работа во Белата куќа, хотелот бил само дел од приходите што се сметаат за контроверзни.
Иванка Трамп во 2018 година објави дека го затвора својот истоимен бренд и нешто подоцна поднесе извештај дека со работа престанал на 31 јули 2018 година.
We analyzed four years of Jared and Ivanka’s financial disclosures. We found hundreds of millions of dollars coming in on the side. And a ton of ethical problems. We break it all down here: https://t.co/5ECweusyyu
— Citizens for Ethics (@CREWcrew) February 9, 2021
И покрај тврдењата дека брендот „Иванка Трамп“ веќе не постои, од ГОЕВ откриле дека во 2019 година таа сепак на него заработила милион долари. Тој бренд е сериозен кандидат за најголемиот скандал во текот на мандатот на Иванка, бидејќи во октомври 2018 година кинеската влада одобрила заштитни знаци за 16 производи под нејзиниот бренд, вклучувајќи и уреди за гласање. Одобрувањето следело три месеци откако Иванка објавила дека нејзиниот бренд се затвора.
Шест месеци откако компанијата и службено е затворена, добила нов заштитен знак за продажба на брендот во Канада. ГОЕВ откриле дека вкупно најмалку 28 странски заштитни знаци ѝ се одобрени додека бесплатно ги нудела своите услуги во Белата куќа и на татко ѝ Доналд Трамп. Меѓу другите главни приходи на пари се истакнува и работата со недвижности на Кушнер, кои се зголемиле благодарение на даночното олеснување, кое наводно го протуркала поранешната прва ќерка на Америка.
Jared Kushner and Ivanka Trump may not have taken salaries for their White House work, but they still earned at least $120 million and maybe as much as $640 million in outside income during the last 4 years, creating massive conflicts of interest.https://t.co/MSkA6aaZAR
— Noah Bookbinder (@NoahBookbinder) February 8, 2021
Иванка во 2018 година работеше на имплементација на администрацијата на Трамп наречена „Зона на можности“, очигледно кршејќи го при тоа законот за судир на интереси. Додека таа работела на создавање „Зона на можности“ за Американците, нејзиниот сопруг Џеред имал значаен финансиски удел во компанијата „Кадре“, која случајно е еден од инвеститорите во рамките на спомнатата програма.
При влегувањето на Иванка и Џаред во администрацијата на Трамп, уделот на Кушнер во „Кадре“ се проценувал меѓу 5 и 25 милиони долари, за таа вредност подоцна да порасне на 25 до 50 милиони долари
Кушнер на почетокот од кариерата во Белата куќа „испуштил“ да го пријави сопствеништвото во „Кадре“, а иако подоцна највисокиот службеник за етика, во Белата куќа, тврдел дека откажувањето од таа работа поради обврските во Белата куќа е неопходно, Џеред од својот удел во компанијата никогаш не се откажал.