Напаѓачот на Наполи, Фернандо Љоренте може да ја продолжи кариерата во Милан, објави „Калчомеркато“.
Според италијанскиот спортски портал, клубот од Милано итно бара замена за повредениот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, кој беше надвор од теренот неколку недели.
За 35-годишниот Шпанец е заинтересирана и Сампдорија, која веќе има прелиминарен договор со играчот.
Оваа сезона во италијанскиот фудбалски шампионат, Љоренте нема одиграно ниту еден натпревар. (МИА)