Кристијано Роналдо може да го напушти Јувентус на крајот на сезоната.
За ова се зборува сè погласно, а Газета пренесува дека новата или старата дестинација на Португалецот треба да биде Манчестер Јунајтед.
Неговиот менаџер Хорхе Мендеш се обиде да го врати Роналдо во Реал Мадрид, но таа можност пропадна. Сега Мендеш гледа на Јунајтед како најдобра опција каде Роналдо се истакна и се здоби со целосна слава.
Проблемот, се разбира, ќе биде платата. Манчестер Јунајтед сигурно нема да се согласи на годишната плата од 31 милиони евра, што Португалецот ја има во Јувентус.
Проблем е секако договорот што Роналдо го има со Јувентус до 30 јуни 2022 година.