Суперлигата беше тема број еден во светот на спортот минатата недела. Иако не заживеа, за овој проект ќе се зборува во наредниот период.
Од 12-те клуба, четири се уште немаат официјално дадено оставка. Тоа се Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Милан. Четворица великани се убедени дека на европскиот фудбал му се потребни реформи.
И додека УЕФА беше блага кон „сепаратистите“, тоа не беше случај со Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), која донесе радикална мерка на денешниот состанок на Извршниот одбор.
Имено, донесена е одлука дека во иднина, кога се издаваат лиценци за натпреварување во Серија А, сите клубови мора да прифатат дека ќе се натпреваруваат исклучиво на натпревари под покровителство на УЕФА и ФИФА.
Со оваа одлука, челниците на Федерацијата јасно им порачаа на Јувентус, Милан и Интер дека дефинитивно можат да заборават на Серија А ако сакаат да играат во Суперлигата.
„Кога станува збор за членот на анти-Суперлигата, се наведува дека оние што сакаат да учествуваат во натпреварувањето што не е одобрено од ФИГЦ, УЕФА и ФИФА ќе го загубат своето членство. Засега, не знаеме кој замина и кој остана во Суперлигата, но овој член ќе биде вметнат во процесот на лиценцирање на националните шампионати“, рече претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина.
Сите 12 „одметници“ првично планираа да продолжат да играат на националните шампионати, но нивниот план не беше спроведен. Ова особено нема да биде случај по денешната одлука на ФИГЦ.
Патем, оваа одлука доаѓа еден ден откако 11 клуба отворено се побунија против „одметниците“ и му напишаа писмо на претседателот на Серија А, Пауло Дел Пино.
Клубовите кои одбија да го потпишат писмото се Наполи, Аталанта, Лацио, Фиорентина и Верона. Значи, клубови кои имаат исклучителна база на навивачи и се едни од најстабилните во Италија.
Потписниците на писмото бараат строги казни за „сепаратистите“ и нивните претставници бидејќи не беа „јасни“ кон остатокот од лигата и не се грижеа за економскиот раст на конкуренцијата.