Има иницијатива, а според информациите УЕФА и КОМЕНБОЛ ја разгледуваат можноста за супер интересен меч помеѓу Италија и Аргентина. Шампионот на Европа би играл против шампионот на Јужна Америка и тоа во Наполи, во чест на Диего Армандо Марадона.

Светските медиуми објавија дека се водат преговори меѓу европскиот шампион и првакот на Јужна Америка и наскоро ќе биде договорен термин во кој ќе се соочат двете репрезентации.

Последен пат кога Италија и Аргентина играа во Неапол, тоа беше на Светското првенство (СП) во 1990 година, а тогаш капитен на „гаучосите“ беше Марадона и ги предводеше до триумф.

Воедно постои иницијатива ваков меч, помеѓу европскиот и јужноамериканскиот првак да стане традиција.