Како многу познати кулинарски мајстори, италијанската готвачка Лора Витале првите кулинарски трикови ги учела од својата баба. Таа растела покрај неа и нејзините богати софри, а денес има повеќе бројни следбеници на својот инстаграм – профил, каде и ги открива своите кулинарски тајни со своите фанови. Според неа, ова се најважните совети што ѝ помогнале во кулинарската кариера.

Купете шише евтино и шише скапо маслиново масло

Доколку често користите маслиново масло за готвење различни јадења, тоа е најдоброто што можете да го направите.

Да се обезбедите со едно висококвалитетно и со едно обично маслиново масло. Не е неопходно да се расфрлате со скапо и квалитетно маслиново масло за храна што не сака толку силна арома како на пример салата од зелка или бел грав со колбаси. Од друга страна, кога подготвувате италијански брускети или песто, одберете квалитетно и ароматично маслиново масло. Едноставно, чувајте го поскапото масло за нив.

Замрзнете кори од пармезан за подготовка на супа

Откако ќе го изрендате пармезанот до толку во раката да ви остане тенок тврд лист или имате мало парче што ви останало како вишок, не прашувајте се што ќе правите со него.

Ставете го во замрзнувач и кога ќе правите супа, додајте го во неа. Нема ништо поубаво од топла супа со арома на пармезан.

Времето поминато во кујната е различно за секој специјалитет

Најдобриот совет што Лаура го добила од баба ѝ е да го препознае времето и да го примени според потребите на сите состојки, кои ги користи во подготовка на храната.

Доколку некое јадење има потреба од два часа за да биде зготвено, не треба да брзате и да се трудите да го направите за покусо време. Кога сакате да заблескате во кујната, вложете го своето срце во готвењето, секое брзање, нервоза и пропуст може да го расипе мигот.