Италијанската полиција покрена обвиненија за поттикнување самоубиство против 46-годишнa „инфлуенсерка“, по потекло од сицилијскиот град Сиракуза, пишува интернет весникот „Фанџеј“.
Полицијата реагираше откако жената објавила видео на социјалната мрежа „Тик-Ток“ во кое таа и уште едно лице ги „предизвикуваат“ корисниците да го следат нивниот пример и да ги покријат носот и устата со самолеплива лента, за да го спречат дишењето, за да можат да видат кој може да издржи подолго.
– Advertisement –