Вкупната потрошувачка во Италија, според анализата и прогнозата на конфедерацијата на италијанските компании „Конфкомерчо“ (Confcommercio), годинава како резултат на пандемијата на Ковид-19, се намали за 10,8 проценти во споредба со минатата година или за 120 милијарди евра, јави агенцијата Анса.
Околу 350 илјади компании престанаа да работат, а отворени се нови 85 илјади.
Како што пренесува агенцијата, меѓу фирмите кои се затворија како резултат на кризата предизвикана од пандемијата на вирусот, 225.000 мораа да затворат поради високата смртност, а 15.000 се затворени поради нискиот наталитет.
Меѓу секторите кои претрпеа најголема штета од пандемијата е текстилната индустрија, производството на облека и обувки, бензинските пумпи кои работеа малку затоа што сообраќајот меѓу регионите и градовите беше прекинат, туризмот и туристичките агенции, баровите, рестораните, а потоа оние компании што снабдуваат сè што е поврзано со рекреативни спортови.