Италијанското Обвинителство отвори истрага по несреќната смрт на 10-годишното девојче кое учествувало во предизвик на ТикТок, пишува „Гардијан“.
ТикТок мора најмалку до 15 февруари да го блокира секој корисник чија возраст не е проверена, соопшти Агенцијата за заштита на податоци на Италија.
Девојчето од Палермо учествувало во предизвикот на ТикТок „Blackout Challenge“. Предизвикот се состоел во тоа оние кои учествуваат во него да го прекинат дишењето најдолго што е можно. Обвинителството во Палермо покрена истрага поради поттикнување самоубиство.
Девојчето го пронашло нејзината 5-годишна сестра во бањата со нејзиниот мобилен телефон, кој го запленила полицијата.
Малата Антонела пред два дена се затворила во бањата и се снимала со својот мобилен телефон додека се давела со ременот од бањарката. Нејзината сестра ја пронашла во бессознание. Девојчето е веднаш пренесено во болница, каде лекарите се обиделе да ја спасат, но не успеале. Констатирана е мозочна смрт, соопшти портпаролка на болницата „Ди Кристина“.
ТикТок, која во Европа има околу 100 милиони корисници, излезе со соопштение по трагичниот случај. „Наш апсолутен приоритет е безбедноста на ТикТок-заедницата“, уверува оваа кинеска видео-платформа. Додаваат дека постои апсолутна подготвеност за соработка со властите во истрагата околу смртта на Антонела.