Бројот на починати од ковид-19 во Италија се зголеми за нови 459 лица од последниот пресек, соопшти италијанското Министерство за здравство.
Во истиот период се регистрирани 19.037 новозаболени со кои вкупниот број на инфицирани во земјата се искачи на 2,02 милиона, пренесува „Ројтерс“.
Италија во изминатото деноноќие направи 152.334 тестови, а бројот на хоспитализирани пациенти е намален за 668 и сега изнесува 23.402. На оддееленијата за интензивна нега моментно се сместени 2.584 лица.
Италија вчера стана осма држава во светот со преку два милиона заразени лица од коронавирусот. По бројот на смртни случаи (71.359), Италијанците се лидери во Европа и на петтото место во светот.