Италија ќе ја добие најдесничарската влада поновата историја и воедно првата жена премиер, Џорџија Мелони, чија партија „Браќа на Италија“ под чие знаме во кампањите трчаат и единствените живи наследници на Мусолини, освои најмногу гласови. Според првичните резултати од предвремените општи избори во Италија во неделата, десничарскиот сојуз составен од Браќата на Италија, Лигата и Форца Италија, освои околу 44 отсто од гласовите.
Десничарите имаа доволен број на гласови за контрола на двата дома на парламентот, но не и за двотретинското мнозинство потребно за промена на уставот без референдум.
Победата на Мелони е нова главоболка за Брисел кој во новата владејачка структура во Италија препознава политики кои се во директен судир со европската агенда.