Очекуваниот животен век во Италија достигна 84,1 години, што е највисоко во Европската Унија, заедно со Шведска, според податоците од извештајот „Здравствени профили на земјите од ЕУ 2025“ од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Според извештајот, ова ниво на очекуван животен век го надминува нивото пред пандемијата на коронавирусот за шест месеци, објави „Анса“.
Кардиоваскуларните заболувања и ракот сè уште сочинуваат повеќе од половина од смртните случаи, додека смртните случаи што може да се спречат најчесто се поврзани со рак на белите дробови, коронавирусот и срцевите заболувања.
И покрај брзото стареење на населението, постарите Италијанци покажуваат подобри здравствени резултати од просекот на ЕУ.
ОЕЦД, сепак, предупредува дека предизвиците остануваат, вклучувајќи ја широко распространетата недијагностицирана или нетретирана хипертензија и зголемувањето на стапките на пушење.
Фото: депозитфотос
Текстот Италијанците живеат најдолго во Европа е превземен од МАКФАКС.























