Српските медиуми доцна синоќа објавија дека се слушнале пукотници и детонации во близина на административниот премин помеѓу Косово и Србија, Зубин Поток. На видеото можат да се слушнат пукотници од автоматско оружје.

Српските медиуми тврдеа дека полицијата на Косово се обидела да ги тргне барикадите, но стигна демант од косовската полиција, која тврди дека нивни припадници воопшто не учествувале во овие пукотници.

Неколку минути подоцна, се огласи и КФОР. Тие потврдуваат дека имало истрели и пукотници, но велат дека никој од нивната патрола не бил повреден, ниту било оштетено возилото.


Мисијата на НАТО во Косово, КФОР, реагираше по информациите дека имало истрели кон нив кај Зубин Поток.

-Во овој момент можеме да потврдиме дека пред неколку часа патрола на КФОР додека била на должност во околината на Зубин Поток слушнала и видела неколку истрели во нивна близина. Никој не е повреден и нема оштетувања на автомобилот, соопшти КФОР, Мисијата на Косово.

Извештаи за истрели во Зубин Поток, соопшти косовската полиција

Косовската полиција потврди дека немало напад врз полицијата во Зубин Поток.

Според соопштението на полицијата, немало ниту размена на оган меѓу косовската полиција или некоја група.

-Повикувајќи се на бројните прашања упатени до косовската полиција, дали полицијата била нападната во Зубин Поток, или имало размена на оган меѓу полицијата и криминалните групи, ве известуваме дека немаше напад врз косовската полиција, ниту размена на оган меѓу косовската полиција, или некоја група, се вели во реакцијата на полицијата.