Според социологот Добромир Живков од агенцијата од „Маркет линкс“, која од 13 до 22 август заедно со БТВ спровеле национално истражување на јавното мислење, смета дека тоа се должи на добрата мобилизација на ГЕРБ во текот на летните месеци, но и разочарувањето на граѓаните дека другите партии не успеаја да формираат функционална влада, повторно ги води кон оваа партија
Од првата политичка сила во Бугарија „Има таков народ“ (ИТН) падна на третото место, меѓутоа, разликите меѓу Демократска Бугарија, ИТН и БСП се во рамките на статистичка грешка, изјави за БТВ социологот Добромир Живков од агенцијата од „Маркет линкс“, која од 13 до 22 август заедно со БТВ спровеле национално истражување на јавното мислење.
Според податоците, ГЕРБ е повторно првата политичка сила во земјата, што според Живков се должи на добрата мобилизација во текот на летните месеци, што за него е изненадување. Но, дополнително, разочарувањето на граѓаните дека другите партии не успеаја да формираат функционална влада, повторно ги води кон оваа партија.
„Бугарските граѓани недвосмислено изјавуваат дека не се задоволни од правецот во кој се движи земјата. Во претходните месеци, брановите на пандемијата на коронавирусот беа фактор во таквите ставови, но сега четвртиот бран на инфекцијата е многу помалку важен во обликувањето на јавното расположение. Националното собрание повторно има најниско ниво на доверба на јавноста меѓу бугарските институции. Намалувањето на довербата кон него за само еден емсец е немалено за околу 10 отсто. Трендот е спротивен за техничката влада. Во август, довербата во неа беше 54 отсто, што е за околу три отсто зголемување во споредба со јули“, вели Живков.
Довербата во протестните партии континуирано опаѓа од мај. Посуштински тоа повторно е забележливо кај ИТН, додека спротивен е процесот кај таканаречените статус кво партии – ГЕРБ, БСП и ДПС. ГЕРБ останува на истата позиција, но довербата во БСП и ДПС малку се зголемува.
На прашањето дали ќе гласаат на нови предвремени избори 54 отсто од анкетираните одговориле со „да“, а дефинитивно нема да гласаат само 10 отсто од бугарските гласачи.
Пред една недела, ГЕРБ, партијата која според оваа анкета е прва, а е втора по големина според претставниците во националното собрание, го доби мандатот за формирање влада, но веднaш го врати.
Третиот мандат ќе биде доделен на Бугарската социјалистичка партија (БСП), чија претседателка Корнелија Нинова претходно најави дека ќе се обидат да формираат влада и по добивањето на мандатот ќе почнат консултации „Демократска Бугарија“ и „Исправи се Бугаријо! Доаѓаме“, бидејќи со трите партии имаат заеднички основа на која може да ги дефинираат приоритетите и политиките на новата власт. Но, таа вели и дека БСП не се откажала од идејата техничкиот владин кабинет да стане редовна влада.
Првиот мандат за состав на влада по изборите во јули беше доделен на победникот на минатомесечните избори „Има таков народ“ (ИТН) на Слави Трифонов, но тие соопштија дека нема да формираат влада.