Најголемиот број од испитаниците во истражувањето – 212 лица, односно 41,7 отсто одговориле дека насилството е мотивирано од омраза кон противничкиот клуб, а значаен број 101 испитаник или 19,8 отсто одговориле дека насилството се случува поради етничката и верската припадност на навивачите или клубот со кој се натпреваруваат.

Бројката од 19,8 отсто од испитаници кои се изјасниле дека насилството е мотивирано од меѓуетничка или меѓуверска омраза треба да биде алармантна затоа што таа може да се прелее и на остатокот од општеството и да расте, предупредуваат авторите на истражувањето.

Омраза кон противничкиот клуб е најчестата причина за насилство на спортските терени. Ова се податоците до кои е дојдено во истражувањето на НЕКСУС – Граѓански концепт, насловено „Идентификација на фактори кои влијаат врз насилството на спортските терени”.

Примерокот во истражувањето опфаќал 518 испитаници, од кои 509 биле комплетно пополнети и ги задоволиле критериумите да бидат обработени и анализирани. Истражувањето е спроведено на Инстаграм.

Целата сторија прочитајте ја на 360 степени.