Еден од значајните проблеми поради кои Ковид-19 сеуште е закана во земјите низ целиот свет е недостатокот на лекови кои се ефикасни, лесно за дистрибуирање и лесно достапни.

Сепак, неодамнешното истражување за нова комбинација на лекови се уште покажува ветувачки резултати за ова прашање. Комбинираната употреба на нафамостат и Pegasys (INFα) ги исполнува сите наведени критериуми.

Оваа комбинација ефикасно се бори против инфекцијата, посочува професорот Денис Каинов од Одделот за клиничка и молекуларна медицина на Норвешкиот универзитет за наука и технологија (НТНУ).

Каинов и неговиот тим спроведоа истражување на клеточни култури и заморчиња, што секако не мора да значи дека комбинацијата на споменатите лекови подеднакво добро ќе делува и врз луѓето, но сепак тоа е ветувачки развој.

Нафамостат веќе се користи како монотерапија против Ковид-19 и се спроведуваат обемни истражувања со овој лек во Јапонија. Pegasys (INFα) во моментов најчесто се користи за лекување на хепатитис Ц. Но, се чини дека комбинацијата на овие два лекови, против Ковид-19, има позитивен ефект.

Двата лека напаѓаат фактор во нашите клетки наречен TMPRSS2, кој игра клучна улога во размножувањето на вирусот, објаснува Магнар Бјерс, професор по клиничка и молекуларна биологија во НТНУ.

Истражувањето може да послужи како важна и корисна трага за научниците кои веќе го тестираат нафамостатот во борбата против Ковид-19.

За да бидат работите подобри, мала доза од комбинација на овие лекови е доволна за да се направи третманот ефикасен.

Ниските дози на лекови во комбинација имаат повеќе клинички придобивки, вклучително и намален број на несакани ефекти и подобрена перспектива за пациентите, вели Александар Јаневски од НТНУ.

Со други зборови, комбинацијата на овие лекови може да спаси животи, но и да го олесни третманот за пациентите. Нафамостат е релативно ефтин лек, додека повисоката цена е всушност единствениот недостаток на Pegasys (INFα).

Истражувањето беше од меѓународен карактер, а во него учествуваа и научници од Франција, Литванија и Финска.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.