Бразилскиот P1 сој на коронавирусот, кој се смета за одговорен за растот на смртните исходи мутира на начин кој ќе му овозможи полесно да ги избегнува антителата, покажува бразилското научно истражување.
Студијата на сојот кој се шири низ Бразил, а којашто ја спровел Институтот за јавно здравство Фиокруз, пронашла мутација во подрачјето на шилецот преку кој вирусот продира и ги заразува човековите клетки.
Овие мутации, предупредуваат бразилските научници, би можеле да го направат коронавирусот поотпорен на вакцините чија цел е протеинот на шилецот, со потенцијално сериозни последици на ширење на болеста во најбројната нација во Латинска Америка.
Веруваме дека тоа е уште еден механизам на криење којшто вирусот го создава за да го избегне одговорот на антителата“, вели Фелипе Навека, еден од авторите на истраќувањето од „Фиокруз“ во амазонскиот град Маанус, од каде што се верува дека мутацијата P1 започна.
Навека вели дека промените изгледаат слични на мутациите забележани во уште поагресивниот јужноафриканскиот сој, против којшто, како што покажуваат некои истражувања, некои вакцини имаат значително намалена ефикасност.
Тоа е особено загрижувачко, бидејќи вирусот продолжува да ја забрзува својата еволуција, додава бразилскиот стручњак.
Истражувањето покажало дека сојот P1 дури 2,5 пати позаразна од изворниот сој на коронавирусот и поотпорен на антителата.
Во вторникот Франција ги сопре сите летови кон и од Бразил, настојувајќи да го спречи ширењето на овој сој во моментите којга најглемата економија во Латинска Америка станува сѐ поизолирана.
Се смета дека сојот кој брзо стана доминантен во Бразил, е голем фактор во обемниот втор бран од епидемијата во кој бројот на смртните случаи во оваа земја надмина 350.000 што е вториот највисок број починати на светот зад САД.
Епидемискиот бран во Бразил, исто така, сѐ повеќе ги погаѓа младите луѓе а болничките податоци покажуват дека во март повеќе од половината од сите пациенти на одделите за интензивна нега биле на возраст до 40 години.
За Естер Сабино, научничка од медицинскиот факултет про Универзитетот во Сао Паоло која ги водела првото секвенционирање на геномот на коронавирусот во Бразил, имајќи го предвид брзото темпо на пренесувањето на вирусот, мутацииите на сојот P1 не се изненадувачки.
„Доколку имате високо ниво на преносот, како што е моментално во Бразил, го зголемува ризикот од нови мутации и варијанти, вело Сабино.
Досега вакцините, како што се оние кои ги развија англо-шведска „Астра Зенека“ и кинеската „Синовак“ кои се користат во Бразил, се покажале ефикасни против бразилскиот сој, но Сабино вели дека натамошните мутации тоа може да го загрозат.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.