Истражителите на Светската здравствена организација (СЗО) веќе неколку дена се во Вухан, Кина, каде што се појави првиот случан на коронавирусот. Под строг надзор на кинески официјални лица, тие денеска влегоа во болницата во Вухан каде се лекуваа првите пациенти заразени со новиот вирус.
По двонеделен карантин, тимот на СЗО прво отиде во обиколка на болницата „Ѓинитан“, каде лекарите чуваат примероци од пациенти кои страдаа од она што тогаш се сметаше за „пневмонија од непозната причина“.
По напуштањето на болницата, истражителите на СЗО не одговорија на прашањата на новинарите, но членот на тимот Марион Купманс на својот Твитер профил потврди дека посетата на болницата е завршена.
СЗО претходно објави дека членовите на истражниот тим нема да имаат контакти со локалната заедница поради ризик од ширење на вирусот.