Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, обвинителството отвори истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело Тероризам.

Осомничениот на 16 овој месец во раните утрински часови преку телефонската линија за итни случаи 192 со умисла упатил сериозна закана за подметната бомба во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје, на летот Скопје – Анталија.

Веднаш по приемот на заканата од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам биле активирани протоколите за антитерористичка проверка и по неколкучасовна проверка е утврдено дека станува збор за лажна пријава.

Осомничениот со својата постапка создал чувство на страв и несигурност кај патниците и другите присутни на аеродромот, а воедно со активирање на протоколите за антитерористичка проверка го пореметил и севкупниот воздушен сообраќај.

Судот му определи притвор на осомничениот во траење од 30 дена.

Текстот Истрага за тероризам: пријавил дека има бомба на летот Скопје – Анталија е превземен од МАКФАКС.