Македонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранг листа се најде на 62-то место, што е за три позиции подобро во однос на претходното рангирање.
Македонија со скокот од три позиции сега има 1.374,73 рејтинг поени, за помалку од два од ДР Конго. Македонската репрезентација сега е пред Словенија, Црна Гора, Албанија на ФИФА ранг листата.
Се разбира, тука во ова бодирање е пресметан и поразот од Романија, победата над Лихтенштајн, која носи малку бодови, па поради тоа има скок од само три места.
Комплетната ранг листа на следниот ЛИНК.