Вања Ѓорчевска, 14-годишното девојче кое од понеделникот беше исчезнато денес беше пронајдена мртва во околината на Скопје.
Според МВР, таа била убиена истиот ден кога исчезна, на 27-ми ноември, околу 10 часот, односно по околу дваипол часа од исчезнувањето, објави Фокус.
Како што пишува Фокус од страна на истите убијци настрадал и велешкиот фризер Панче Жежовски (74), и неговото тело денес беше пронајдено во Велес.
Информацијата ја потврдија од МВР, појаснувајќи дека мотивот за двете убиства, извршени од истите убијци е користољубие.
Вања и Панче никогаш во животот не се познавале, ниту пак се сретнале. Тоа за „Фокус“ го откри неговата ќерка Македонка.
Целата вест на Фокус.