Шеснаесет лица беа отруени денес, од кои 12 беа деца поради истекување на јаглерод моноксид во градинка во Милано.
Истекувањето се случи утрово, а 12 деца, двајца родители и двајца наставници беа отруени, објави противпожарната служба, додавајќи дека никој не е сериозно повреден, пренесува „Анса“.
Полицијата и пожарникарите интервенираа на лице место, заедно со експерти од единицата за биолошка и хемиска заштита (NBC) кои моментално работат на утврдување на причината за истекувањето, најверојатно предизвикано од дефект на бојлер.
Порталот „Милано тудеј“ објавува дека инцидентот се случил непосредно пред 9:20 часот наутро.
Зградата со површина од околу 150 квадратни метри беше веднаш евакуирана, а децата и наставниците се во тријажната зона каде што здравствените работници ја проценуваат можноста за хоспитализација поради нивните симптоми, пренесува Танјуг.
Текстот Истекување на гас во градинка предизвика труење кај деца и воспитувачи во Милано е превземен од МАКФАКС.























