Силен земјотрес со јачина 5,5 степени според Рихтер вечерва ја погоди Грција, а се почувствува низ цела Македонија.
Епицентарот на земјотресот бил 4 километри од грчкиот град Лерин (Флорина), кој се наоѓа во близина на Македонија, на длабочина од 10 километри.
Земјотресот предизвикал и значителна материјална штета, односно испукани се ѕидовите во неколку згради низ Битола, јавува репортерот на ТВ21.
Како што објави ТВ21 Граѓаните велат дека не паметат ваков земјотрес, а додаваат и дека вечерта ќе ја поминат надвор од своите домови.