По прес конференцијата на директорката на УЈП, Сања Лукаревска настана забуна во бројките за работниците и фирмите кои не успеале да добијат февруарска плата, поради блокадата на петтиот пакет мерки во Собрнието. Имено, претходно објавивме дека близу 7000 работници не добиле плата, но сепак бројката е погрешна. Имено, станува збор за близу 7 илјади работодавачи, односно компании и фирми-поединци кои не успеале да исплатат плата. Поточно 6.888 работодавачи не успеале на своите работници за месец февруари да пуштат плата поради блокадата на петиот пакет мерки во Собранието. Што се однесува до бројот на работниците, тој е безмалку 17.000.
За парична помош од Владата во рамките на петтиот пакет мерки аплицирале над 60.000 работодавачи.