Седум години му беше љубовница на Хефнер (90) и живееше во неговата вила со уште седум други зајачици на „Плејбој“, а потоа во 2008 година избега. Деновиве ја раскажа вистината за животот во ѕидовите на вилата позната по развратните забави.

Холи Медисон (41) стана позната на јавноста кога се појави во реалното шоу „Девојка од соседството“ како една од девојките на Хју Хефнер, сопственик и основач на „Плејбој“. Холи сега снима серија базирана на нејзините мемоари во кои има многу интригантни работи. Во книгата „Долу во зајачката дупка“, пишувала за животот со Хефнер во периодот од 2001 до 2008 година. Холи пишувала во мемоарите за бизарните сексуални желби на сопственикот на империјата „Плејбој“ и дрогираните оргии во кои беа принудени да учествуваат зајачиците за да можат бесплатно да живеат во луксузната вила.

Profimedia
Profimedia

Полициски час и контрола 

Кога имала 20 години, Холи отишла во Лос Анџелес да се пробие во актерскиот свет, а еднаш била поканета на забава во луксузната вила. Потоа, редовно одела таму. Сакала да биде една од „Плејбој“ – зајачиците. Холи по првата вечер забележала дека сексот е услов за живеење таму. Хефнер при едно излегување ѝ понудил специјални таблети за жени, но таа одбила. Кога се вратиле во вилата, ѝ рекле да оди во спалната соба на Хефнер, каде имале секс.

Profimedia
Profimedia

Кога имале бесплатни вечери, полицискиот час почнувал во 21 часот. Во тоа време, Холи сакала да ја задржи својата првобитна работа во американски синџир ресторани. Сакала да има контакт со надворешниот свет, а ѝ биле потребни пари, бидејќи Хефнер им даваше само за облека и козметика. Хефнер ја критикувал нејзината кратка коса и не смеала да носи црвен кармин.

Profimedia
Profimedia

Хефнер знаеше само четири факти за нас – име, возраст, приближно од каде потекнуваме и што е најважно – како се однесуваме и дали ги следиме неговите строги правила – напишала Холи. Таа вели дека Хефнер спровел строг режим и дека животот во вилата на „Плејбој“ не изгледал ни од далеку како во филмот „Девојката од соседството“, во кој сè е опишано како да е од бајка.

Profimedia
Profimedia

Девојките кои живееја во вилата, всушност, му беа бели робинки на Хефнер. Се „давевме“ во алкохол за да заборавиме на реалноста, а кога избегав од тој златен кафез, имиџот на зајачица на „Плејбој“ ме следеше со години – вели Холи, која од очај помислувала на самоубиство.

Хефнер не ѝ дозволил да посети психијатар, па Холи почнала да зема антидепресиви. Се откажала од својата работа во ресторанот, но реалните шоуа ѝ помогнале во депресијата. Патувала многу, па заработила од нив.

Profimedia
Profimedia

Кога конечно ги напуштила Хефнер и вилата, била заменета со зајачицата Кристал Харис, со која Хефнер се ожени во 2012 година, а беа во брак сè до неговата смрт во 2017 година. Кристал честопати ја критикуваше Холи во јавноста и се осудуваше дека измислила сè што напишала во своите мемоари само затоа што Хефнер не се оженил со неа.