Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ во Кочани се предвидува да почне од почетокот на мај.

Од Обвинителството појаснија дека во зависност од здравствената состојба на повредените, a според однапред утврден распоред, навремено ќе ги известат за остварување на нивните права и за вклучување во постапката со нивно испитување.

Во моментот се прибавуваат и сите контактни и адресни податоци за оштетените од пожарот и семејствата на настраданите, како и за нивните полномошници во постапката.

Се додава дека обвинителскиот тим кој постапува во предметот интензивно презема итни дејствија кои не трпат одлагање. Се вршат сослушувања и координација на вештачењата неопходни за обезбедување докази за кривичната постапка.

Текстот Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да почне на почетокот на мај е превземен од МАКФАКС.