Пратеничката Даниела Колева, шефот на кабинетот на Венко Филипче во здравство Дритон Исмаили, поранешниот генерален секретар Андреј Петров, професорите Леонид Наков и Мишко Ралев се дел од новите имиња на ИО кои се очекува вечерва новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски да ги предложи, јавува ТВ 24.
Освен тие од актуелните членови според информациите на ТВ 24 остануваат Петре Шилегов, Милена Стевановиќ, Костадин Костадинов, Дарко Каевски, Нина Фити, која и покрај желбата на Ковачевски за потпретседателска и министерска функција, таа според информациите на ТВ 24 сепак решила, како и досега да остане само во извршниот одбор. Во тоа тело, ќе ги нема Мухамед Зеќири, Благој Бочварски, Васко Ковачевски, Тања Томиќ.
Ново име е новиот организациски секретар Вангел Андрески, поранешен директор на ПОЦ, кој ќе биде дел од тројката секретари, Бојан Маричиќ секретар за меѓународна соработка и Миле Зечевиќ генерален секретар. Тв 24 веќе објави дека Бисера Костадиновска Стојчевска, Перо Костадинов, Фатмир Битиќи ќе биде потпретседателската тројка, на која по синоќешните преговори било дефинирано дека ќе се приклучи и екс градоначалникот на Карпош Стефан Богоев.