Директорот на Белорускиот дом во Украина, Виталиј Шишов, излегол да трча во понеделникот, но не се вратил. Центарот за заштита на човековите права Весна, објави дека пријателите на исчезнатиот активист изјавиле дека тој претходно бил следен од „непознати лица“.
Директорот на невладината организација која им помага на луѓето кои избегаа од Белорусија, Виталиј Шишов, е пронајден обесен во парк во Киев, соопшти денеска полицијата, наведувајќи дека е отворена истрага за убиството.
„Белорускиот државјанин Виталиј Шишов, кој исчезна вчера во Киев, денеска е пронајден обесен во еден од парковите во Киев, во близина на местото каде што живеел“, се вели во соопштението на полицијата.
Шишов, директор на Белоруската куќа во Украина, излегол да трча вчера, но не се вратил.
Многумина избегаа од Белорусија од репресија, главно во Украина, Полска и Литванија.