Идентификувано е телото кое пред неколку дена беше пронајдено во реката Вардар. Се работи за Лидија Трајковска, жената од Јурумлери која исчезна во ноември минатата година.

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково.

Лидија (43) исчезна на 8 ноември минатата година, кога последен пат била видена на автобуската станица во селото.

Потрагата по неа траеше неколку месеци, а нејзиниот брат и сестра барале и меѓународна помош за да ја пронајдат.

Текстот Исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери, пронајдена почината е превземен од МАКФАКС.