Преку социјалните мрежи се бара помош за млада девојка од кочанско која се води како исчезната.
Објавени се и податоци кога за последен пат е видена девојката.
„Исчезната е Наташа Николова од Оризари, Кочани. Полицијата ја бара, последен пат е излезена од дома во 8 часот наутро. Ќе ве молам ако некој ја видел или знае нешто да се јави во полиција. Се надеваме дека е жива и здрава. Споделете“, напишала на фејсбук Нате Стоилова пред 12 часа.