Девојче утрово од Скопје исчезнало на пат кон училиште. Информацијата, со молба за помош, ја сподели нејзината мајка на социјалните мрежи. Таа бара помош од граѓаните доколку имаат некаква информација или го виделе девојчето да и се јават на телефонот. Девојчето последен пат било видено во Дебар Маало на пат кон училиштето „Песталоци“.
-Утрово во 7.20 мојата керка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и и се губи секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар Маало на пат кон „Песталоци“. Доколку имате било каква информација јавете се на 075 400 816, напиша нејзината мајка.























