На Камчатка изгубена е врска со авион An-26 во кој се наоѓале 28 лица, информираат од руското Министерство за кризна состојба.
Во авионот се наоѓале 22 патници и шест членови на екипажот. Меѓу патниците има и дете.
Од Министерството посочуваат дека во тек е истрага за да се открие што се случило со авионот.
Извори на Тасс од итните служби истакнале дека постои голема можност авионот да се срушил во море. Леталото било технички исправно, а пилотот не пријавил дефект или некаков проблем.
An-26 е двомоторен авион првенствено наменет за воен транспорт со можност за трансформација во патнички за други намени.