Архитектонско-урбанистичкиот проект (АУП) со кој се предвидува изградбата на 87 луксузни куќи во рамките на „Радика вилиџ“ во село Леуново е донесен без водостопанска согласност од страна на Министерството за животна средина со што се става под знак прашалник законитоста на овој документ за плански опфат што го одобрила Општина Маврово и Ростуше.
Ова е дел од заклучоците на Државниот инспекторат за животна средина кој на 27 декември направил инспекциски надзори во Општината Маврово и Ростуше, „Радика Резорт“ и Јавното претпријатие за комунална дејност „Маврово“.
Врз основа на спорниот АУП, во октомври 2018 година, Општината му издала одобрение за градба на инвеститорот „Радика Ресорт“ за седум вили кои се дел од вкупните 87. Тогаш, одобрението го потпишал раководителот на Одделението за урбанизам, Ќирко Џукоски, кој подоцна станува општински градежен инспектор.
Тие седум викендички се веќе изградени и во завршна фаза на внатрешно уредување. Но, со новите наоди на Инспекторатот за животна средина виси законитоста на нивната изградба.
ИРЛ веќе пишуваше дека АУП-от кој се однесува на „Радика вилиџ“ изготвен од „Пологпроект“ Гостивар на барање на сопственикот на „Радика Ресорт“, косовскиот бизнисмен Шериф Рамука, е донесен без Општината да побара согласност од Министерството за животна средина.
(Целата сторија читајте ја на IRL.mk)