Меѓународната федерација на новинари денеска испрати реакција и констатира дека оваа пресуда претставува неуспех на судијата да го стави јавниот интерес и интересот на граѓаните над интересот на моќните бизнисмени, објави ИРЛ.
Судијката Спировска Панева е позната по тоа што осуди новинари што го критикуваа поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков. Судијката пред претставниците на еснафските здруженија и новинарите рече и дека и било тешко вака да одлучи, а потоа даде скандалозна изјава дека морала да го заштити приватниот интерес.
Судијката Јованка Спировска Панева, денеска ги осуди новинарите на ИРЛ и главната уредничка Сашка Цветковска за клевета во случајот кој поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев го поведе против ИРЛ за истражувањето „Заговор против воздухот“. Судењето доаѓа откако првично истата судијка ги ослободи ИРЛ од одговорноста за клевета во овој случај, но откако Апелацискиот суд му ја усвои жалбата на Кочо Анѓушев, судењето мораше да се повтори.
На изрекување на пресудата не дојде тужителот, господинот Кочо Анѓушев, туку само правничка од канцеларијата на неговата адвокатка Мери Младеновска Георгиевска. Пресудата ја слушаа новинарите на ИРЛ и претставници на еснафските новинарски здруженија – ЗНМ, Самостојниот синдикат на новинари и Советот за етика на медиумите.
Пресудата во случајот Кочо Анѓушев против ИРЛ за главната и одговорна уредничка Сашка Цветковска е скандалозна.























