Познатата манекенка не сака да открива детали од приватниот живот, но сега направи исклучок. Таа прозборе за шокантното искуство кое ѝ се случило кога била мала.

Кога имав шест години нè ограбија. Ја отворив вратата од домот и налетав на тројца маскирани мажи, од кои едниот ми држеше пиштол на главата. Подоцна се дозна дека ги пратил најдобриот пријател на татко му. Можеби затоа немам многу пријатели, тешко ми е да им верувам на луѓето. Порано не зборував за оваа тема“, открива 35-годишната манекенка.

Profimedia
Profimedia

Шајк додава дека многу ѝ е важно нејзината ќерка Леа, која ја доби во врската со актерот Бредли Купер, да биде свесна дека од каде им се парите и да ги почитува.

Сакам ќерка ми да знае дека мајка ѝ има работа и заработува, бидејќи сакам да ја одгледам во силна жена. Подароците и храната не паѓаат од небо“, истакнува таа.