Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, изјави дека Техеран ќе ги обнови своите нуклеарни постројки со уште поголема сила од претходно, додавајќи дека земјата не сака да развива нуклеарно оружје.
Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека ќе нареди нови напади врз иранските нуклеарни постројки доколку Иран се обиде повторно да ги активира оние што САД ги бомбардираа во јуни.
„Уништувањето на зградите и фабриките нема да ни претставува проблем — ќе ги обновиме со поголема сила“, рече Пезешкијан.
Вашингтон тврди дека нападнатите постројки биле дел од програма за развој на нуклеарно оружје, додека Техеран инсистира дека неговата нуклеарна програма има исклучиво цивилна намена — „за решавање на проблемите на народот, за болести, за здравјето на народот“.
Текстот Иранскиот претседател изјави дека Техеран ќе ги обнови своите нуклеарни постројки е превземен од МАКФАКС.























