Иранскиот министер за одбрана Мохамад Реза Аштиани изјави дека САД ќе ги почувствуваат последиците ако не осигурат прекин на огнот во Појасот Газа.

– САД веднаш да ја запрат војната во Газа и да спроведат прекин на огнот, инаку ќе претрпат тежок удар, посочи Аштиани.

Иран, кој го поддржува Хамас и другите милитантни организации во регионот, вклучувајќи ги Хезболах и Палестински исламски џихад, претходно изјави дека САД се „воено вклучени“ во војната во Појасот Газа.