Мисијата на Иран во Обединетите нации одговори на тврдењето на Доналд Трамп дека Техеран му пристапил на Вашингтон.

„Ниту еден ирански функционер никогаш не побарал да ползи пред вратата на Белата куќа. Единственото нешто поодвратно од неговите лаги е неговата кукавичка закана дека ќе го отстрани врховниот лидер на Иран“, се вели во соопштението.

Како што се додава, Иран не преговара под присила, не прифаќа мир под принуда и сигурно не со ирелевантен воен провокатор кој очајно се обидува да остане релевантен.

Во продолжение се вели и дека Иран на секоја закана ќе одговори со контразакана и секој напад ќе биде возвратен.

Претходно денес Трамп рече дека Иран предложил да дојде во Белата куќа оти е во проблеми и сака да преговара.