Иран ги предупреди соседните земји дека ќе нападне американски воени бази во регионот како одмазда за евентуален напад од страна на Вашингтон, објави „Ројтерс“.
Според „Ројтерс“, висок ирански функционер изјавил:
„Техеран им кажал на регионалните земји, од Саудиска Арабија и ОАЕ до Турција, дека американските бази во тие земји ќе бидат нападнати ако САД го нападнат Иран… и побарал од тие земји да го спречат Вашингтон да го нападне Иран“.
„Ќе преземеме многу силни мерки. Ако направат нешто такво, ќе преземеме многу силни мерки“, му рече Трамп на водителот на CBS Evening News, Тони Докупил, во ексклузивно интервју за мрежата, снимено во Дирборн, Мичиген, кое ќе се емитува во вторник.
фото/Depositphotos
Текстот Иран ги предупреди земјите во регионот дека ќе ги нападнат американските бази ако Трамп нападне е превземен од МАКФАКС.























