Според извори од индустријата, линијата iPhone 15 добива значително подобрување.
Според вработен во компанијата Foxconn, која произведува делови за Apple, претстојната линија iPhone 15 ќе има значително поголеми батерии.
Протекнувачот тврди дека стандардниот iPhone 15 ќе има 18% поголема батерија од сегашниот модел, iPhone 15 Plus и iPhone 15 Pro ќе имаат 14% поголема батерија, додека iPhone 15 Pro Max ќе има батерија која е 12% поголема.
Така, се очекува iPhone 15 да има батерија од 3.877 mAh; iPhone 15 Plus: 4.912 mAh; iPhone 15 Pro: 3.650 mAh и iPhone 15 Pro Max: 4.852 mAh.
Претходно се појавија информации дека iPhone 15 Pro ќе има почетни 256 GB простор за складирање податоци, во споредба со сегашниот модел, кој започнува од 128 GB.
Ова ќе биде и главната разлика помеѓу Pro и моделите што немаат Pro во името, бидејќи се очекува iPhone 15 и iPhone 15 Plus да ги имаат почетните 128 GB простор за складирање.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.