Либиската крајбрежна стража пресретна повеќе од 120 мигранти, меѓу кои осум жени и 28 деца, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Чамецот со кој се превезуваа мигрантите запрен е синоќа во близина на либискиот брегот и мигрантите се вратени во Либија.

– Повторуваме дека Либија не е безбедно пристаниште, објави ИОМ на Твитер.

Портпаролот на ИОМ во Либија, Сафа Мсехли изјави дека 126. Мигранти се одведени во центрите за притвор во Либија. (МИА)