Во периодот што следи, во очекување сме на стартот на новата ИПАРД 3 програма ( 2021-2027). Како што најави Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, со сигурност во следниот период ќе има повици од ИПАРД 3 програмата главно по основ на три мерки и тоа:

Мерка 1- ИНВЕСТИЦИИ ВО ОСНОВНИ СРЕДСТВА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА

Мерка 3- ИНВЕСТИЦИИ ВО ФИЗИЧКИ СРЕДСТВА ЗА ПРЕРАБОТКА И МАРКЕТИНГ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ И РИБИНИТЕ ПРОИЗВОДИ

Мерка 7 – ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА НА ФАРМИТЕ И РАЗВОЈ НА БИЗНИСИ

Токму со поддршка од страна на ИПАРД фондовите, преку Мерката 3 можете да добиете поврат на сретства од 50 % за инвестиции направени во ладилници и окупни центри.

КОРИСНИЦИ НА ОВАА МЕРКА МОЖАТ ДА БИДАТ:

  • Правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250 вработени и годишен обрт до 50 мил. €) и
  • Задруги.

Претпријатија кои не се опфатени со дефиницијата за микро и средни, но кои вработуваат помалку од 750 вработени и кои имаат годишен обрт кој не надминува 200 мил. €, може да бидат прифатливи како корисници, но во овој случај поддршката може да се додели за инвестиции посебно наменети да го надградат целиот систем во согласност со релевантните стандарди на ЕУ.

ПРИОРИТЕНИ СЕКТОРИ

  • Преработка на млеко и млечни производи;
  • Преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина);
  • Преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни култури);
  • Преработка на житарици, мелнички производи и скроб;
  • Растителни и животински масти и масла;
  • Шира, вино и оцет;
  • Производство на енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.

СОПСТВЕНОСТ

За земјиштето и/или објектите кои се предмет на инвестицијата барателот треба да докаже:

  • Сопственост или
  • Договор за закуп (најмалку 7 години од денот на поднесување на барањето).

ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ

Изградба или реконструкција на објекти и друг недвижен имот што се користи за преработка и маркетинг на земјоделски производи, како што се производствени хали, складишта, центри за собирање и дистрибуција итн. помошни објекти (на пример лаборатории потребни за претпријатието, капацитети за подготовка на суровини, силоси, складишта за жито итн.)
вклучувајќи ги и оние што се користат за безбедност при работа, за заштита на животната средина (на пример третман на отпад, складишта на биомаса, недвижен имот за третман на вода канализација, итн.) и потребната опрема.

Купување и/или инсталација на нови машини и опрема/инструменти за:

  • Сортирање, прибирање, складирање и разладување на собирните места;
  • Преработка, пакување, разладување, замрзнување, сушење итн. и складирање (вклучувајќи и манипулација);
  • Воведување на производство на нови производи, нови технологии и процеси;
  • Заштита на животната средина;
  • Производство на енергија од обновливи извори на енергија;
  • Подобрување и контрола на квалитет и безбедност на суровините и готовите производи.
  • Купување на специјални транспортни резервари и приколки за транспорт на суровините вклучувајќи и транспорт на живи животни;
  • Купување и/или инсталирање нови машини и/или опрема за заштита на животната средина, вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;
  • Развој и воспостваување на инфраструктура, на имот кој е во сопственост на претпријатието, со цел задоволување на потребите на производната активност на претпријатието.

ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

  • Висината на финансиската поддршката изнесува до 50% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата. Горната граница се зголемува за 10 процентни поени за:
    • Инвестиции во опрема со цел подобрување на енергетскатата ефикасност;
    • Инвестиции во опрема за производство на био-енергија во случај на преработка на производи (суровини), како и преработка на примарна и секундарна биомаса од животни и растенија;
    • Инвестиции во опрема за производство на енергија од други обновливи извори на енергија со цел задоволување на сопстевните потреби за енергија;
    • Инвестиции за опрема за третман на вода/отпадна вода.

Минимална вредност на вкупните прифатливи трошоци по инвестициски проект е 20.000 €. 

Максималната вкупна финансиска поддршка за еден примател според оваа мерка не смее да надмине 3.000.000 евра за целиот период на спроведување на Програмата.
Максималната финансиска поддршка што треба да се додели на новоформирани правни лица (правно лице кое нема поднесено годишен даночен извештај за последната фискална година што ѝ претходи на годината на јавен повик) по оваа мерка изнесува 100.000 евра.
Максималната вкупна финансиска поддршка што треба да се додели на поединечен проект според оваа мерка е евра 1.500.000.

Новина во оваа програма ќе биде предфинансирањето, односно променет е и начинот на исплата на одобрените средства за одобрените проекти. Се предвидува авансна исплата на средства и тоа од 30 – 50 % од сумата со самото склучување на договорот за проектот.  

За повеќе информации и изготвување на апликации можете да ни пишете на [email protected] или да нè контактирате на телефонските броеви:  070/267 789071/285 385071/225 345 и 071 /381 453.

Превземено од Агротим.мк