Вкупниот прилив на инвестиции во средства и производи поврзани со криптовалути достигна 5,6 милијарди долари оваа година, значително повеќе отколку во 2019 година кога беше само 2,57 милијарди долари, покажуваат најновите податоци на компанијата за управување со средства CoinShares.

Интересот за криптовалутите нагло се зголеми оваа година, бидејќи инвеститорите го третираа биткоинот како осигурување од инфлација и како алтернатива на послабиот долар.

Биткоинот скокна на рекордни 24.298,84 УСД во неделата, за да ослабне три проценти вчера на 22.832,79 УСД, поради појавата на нов вид коронавирус.

Ethereum, другата голема крипто валута, ослабе 4,4 проценти во понеделникот, на 610,14 долари.

Оваа година, инвеститорите вложија 15,6 милијарди долари во производи и фондови поврзани со криптовалути, од кои скоро 2,5 милијарди долари отпаѓа на етериум.

Најголемиот светски фонд за крипто-валути, „Grayscale“, забележа прилив од 250,8 милиони американски долари само минатата недела, со што вредноста на активата со која управува е 15,3 милијарди долари.

Во текот на целата година, Grayscale забележа прилив од скоро 5 милијарди долари, според извештајот на CoinShares.