Интолеранција на храна опфаќа симптоми предизвикани од реакција против некои супстанции присутни во храната. Кај луѓето кои страдаат од интолеранција на храна, некои патофизиолошки состојби го попречуваат целосното варење на храната. Овие макромолекули влегуваат во циркулаторниот систем, се движат низ телото и се таложат во неколку органи и ткива, предизвикувајќи нарушувања и воспаление. Во секој случај, симптомите што се појавуваат можат да бидат многу слични на алергиските, но секогаш не можат јасно да се разликуваат.
Како да ја препознаете и кога да направите тест за интолеранција?
Доколку имате некој од наведениве симптоми: надуеност, грчеви во стомакот, мачнина, опстипација или дијареја, надразнети црева, осип, црвенило, дерматит, вртоглавица, главоболка, болки во зглобовите или мускулите, хроничен умор, несоница, анксиозност, а ништо од препишаните лекови не ви помогнало или пак дејството му било краткотрајно и незначително, направете тест за интолеранција на храна.
Според статистичките податоци, околу 2 отсто од светското население страда од алергии, а повеќе од 35 отсто од интолеранција на храна.
Единствено во „Биотек лабораторија“ се изработуваат дури 7 теста за интолеранција на храна и 5 панели за алергија!!!
*Интолеранција на глутен: Целијакија е болест на тенките црева. Таа е најчесто предизвикана од глутен, кој може да биде присутен во брашното, ’ржта, јачменот и други различни житни култури.
*Молекуларно генетска детекција на интолеранција на лактоза и фруктоза: Тестот се базира на молекуларно генетска детекција директно преку крв со метод на PCR strip технологија. Докажано е дека околу 75 отсто од возрасната популација е зафатена од генетски детерминирана интолеранција на лактоза. Овој тип на интолеранција на лактоза е најчест тип на интолеранција на храна. При самата разградба на храната во организмот, ензимот што треба да делува за разградба на лактоза, не е функционален и затоа лактозата што се наоѓа во храната е сè уште присутна во својата примарна форма т.е. структура. Со тек на годините функцијата на ензимот на лактоза опаѓа значително и интолеранцијата е почеста.
Анализирањето на интолеранција на лактоза е можно само преку детекција на C/T – 13190 полиморфизмите преку DNA strip технологија. Исто така, во истиот процедурален чекор се идентификуваат и трите најчести мутации, кои доведуваат до наследна интолеранција на фруктоза.
*Во 75 отсто од случаите интолеранција на лактоза предизвикува и интолеранција на фруктоза – затоа е потребно да се изработат двата теста!!!
Во „Биотек лабораторија“ се врши детекција на интолеранција на храна преку различни тестирања:
– Food intolerance test 45 антигени во храна;
– Food intolerance test 90 антигени во храна;
– Food intolerance test 120 антигени во храна;
– Глутен;
– Интолеранција на лактоза преку PCR тест;
– Интолеранција на лактоза/фруктоза преку PCR тест;